Модриќ се изедначи со Меси

Модриќ се изедначи со Меси

пред 41 минута

Лука Модриќ, вечерва во Осиек, го одигра својот 208-ми натпревар во репрезентацијата, со што се изедначи со Лионел Меси на второто место на светската ранг-листа по број на настапи за репрезентацијата. Само Кристијано Роналдо останува пред нив двајца со 234 натпревари за Португалија.

Репрезентативното патување на Модриќ започна на 1 март 2006 година во пријателски натпревар против Аргентина, кој Хрватска го доби со 3:2. Својот прв гол го постигна на 16 август истата година во победата од 2:0 против актуелните светски шампиони, Италијанците, во Ливорно.

За време на неговата репрезентативна кариера, тој ја предводеше Хрватска до сребро на Светското првенство во Русија во 2018 година, бронза четири години подоцна во Катар и сребро во Лигата на нации во 2023 година. Тој постигна 30 гола за репрезентацијата. Меѓу неговите најголеми индивидуални успеси се издвојува „Златната топка“, која ја освои во 2018 година.

Модриќ и Меси сега го делат второто место со 208 настапи, а со следниот натпревар хрватскиот капитен има можност сам да ја преземе таа позиција.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top