Може ли коронавирусот да го загрози ЕП?

Може ли коронавирусот да го загрози ЕП?

пред 3 години

Серхио Бускетс и Диего Љоренте од Шпанија, односно Дејан Кулушевски од Шведска, ќе го пропуштат меѓусебниот дуел на овие репрезентации, поради коронавирусот. Бускетс доби позитивен тест во неделата, а Љоренте и Кулушевски синоќа.

Во момент кога пандемијата во Европа се уште е под контрола, 24 репрезентации, во 11 градови, ќе се борат за трофејот на Европското првенство. Јавноста со право стравува дека вирусот би можел да се рашири во репрезентациите учеснички на ЕУРО 2020.

Стравот го зголемува и фактот дека на натпреварите ќе има публика.

Какви се правилата на УЕФА, во случај на потенцијална зараза?

1. Доколку еден или повеќе играчи бидат позитивни на коронавирусот, ќе бидат изолирани. Планираниот натпревар на таа репрезентација ќе започне во предвидениот термин доколку селекторот на располагање има најмалку 13 фудбалери. Не е прецизирано, дали еден од тие 13 играчи мора да биде голман.

2. Доколку националниот Сојуз не може да испрати на тереното минимален број на играчи, доколку е можно, натпреварот ќе биде одложен за 48 часа. УЕФА може да го смени и стадионот каде е предвидено да се одигра тој натпревар.

3. Доколку натпреварот не може да биде одложен, тогаш ќе одлука носи Дисциплинското и етичкото тело на УЕФА. УЕФА ќе реши дали неодиграниот натпревар ќе биде регистриран со резултат 3:0 за репрезентацијата која не погодена со коронавирусот.

4. Доколку член на судискиот тим биде позитивен на коронавирусот, тогаш УЕФА може да именува замена која ќе биде од неговата земја, но и да одреди судија од тимот кој е предвиден да суди на тој натпревар.

ЕУРО 2020, ќе започне во петок, во Рим, со натпреварот помеѓу Италија и Турција.

Share
Scroll to Top