Момчето кое влезе на теренот, на натпреварот Холандија- Црна Гора, за да направи фотографија со Мемфис Депај, доби жестока казна за овој потег.
Фудбалскиот сојуз на Холандија, реши да му забрани присуство на натпреварите во наредните пет години на 13-годишниот Амин. Сепак, Холанѓаните се премислија, ја намалија казната на 15 месеци и 45 месеци условно доколку во тој период направи сличен инцидент.
Исто така, момчето нема да мора да плати 450 евра казна,, туку само 100 евра.
Memphis depay take a selfie ? with a kid doing the game so class pic.twitter.com/L01ZTCzb4x
— vini johny28 (@vinijohny2) September 4, 2021
„Без разлика дали се работи за возрасни или деца, на сите им е забрането да влегуваат на теренот. Вакви потези не се дозволени, можат да предизвикаат непријатности, без оглед на тоа што намерата на момчето не беше да повреди некого. Ваквите акции ги охрабруваат другите да влезат на теренот, што и се случи на овој натпревари“, појаснија од Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Покрај 13-годишниот Амин, на теренот влегле уште 15 лица. Сите ќе добијат забрана за пристап на натпреварите на Холандија.