Раперот Кордеј, момчето на трикратната гренд слем шампионка, Јапонката Наоми Осака, признава дека немал поим дека таа е тениска ѕвезда, додавајќи дека тогаш знаел само за Серена и Венус Вилијамс.
Осака и Кордеј, двајцата на 23 години, се во врска веќе две години, и во интервју за магазинот „Џи Кју“, Кордеј Амари Данстон, како што е целосното име на раперот вели дека едноставно не знаел ништо за тенисот.
„Тоа не е мојот спорт. Да ме прашавте за тенисот пред да ја запознаам Наоми ги знаев само Венус и Серена Вилијамс, никој друг“, вели Кордеј.