Монро и Јеребко заминаа од Химки

Монро и Јеребко заминаа од Химки

пред 3 години

Кошаркарскиот клуб Химки објави дека ги раскинал договорите со Грег Монро и Јонас Јеребко.

Овие двајца поранешни НБА играчи, еден месец не играа за тимот. Монро последен пат настапил на 11.декември, а Јеребко на 23.декември.

Химки е најлошиот тим во Евролигата, имаат само две победи, поради што пред десет дена отказ доби тренерот Римас Куртинаитис.

Монро сезоната има просек од 12,6 поени и 6,3 скока, тој на почетокот на сезоната во Химки пристигна од Баерн Минхен. Јеребко во својата втора сезона бележи 10,8 поени и 5,8 скока по натпревари.

 

Share
Scroll to Top