Мората и Коке се вратија во репрезентацијата на Шпанија

Мората и Коке се вратија во репрезентацијата на Шпанија

пред 4 години

Шпанскиот селектор Луис Енрике ги користи натпреварите во Лигата на нации за да испроба што е можно повеќе фудбалери. За натпреварите со Швајцарија и Германија тој во националниот тим ги врати напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората и капитенот на Атлетико Мадрид, Коке.

На спискот на Енрике се голманите. Давид Де Хеа, Унаи Симон и Кепа Аризабалага, дефанзивците Серхио Рамос, Пау Торес, Хозе Гаја, Серхио Регулилон, Хесус Навас, Серџи Роберто, Ерик Гарсија и Ињиго Мартинес, играчите од редот за врска Коке, Серхио Бускетс, Родри, Микел Мерино, Фабијан Руиз, Серхио Каналес и Маркос Љоренте и напаѓачите Алваро Мората, Џерар Морено, Микел Ојерзабал, Ансу Фати, Феран Торес, Дани олмо и Адама Траоре.

Мората последен пат за репрезентацијата на Шпанија играч пред една година, додека Коке последниот меч за „црвената фурија“ го одиграл во октомври 2018 година.

Share
Scroll to Top