Мората уште една година во Јувентус

Мората уште една година во Јувентус

пред 3 години

Алваро Мората ќе остане во Јувентус и наредната сезона. Новинарот Фабрицио Романо, објави дека, Јувентус ќе ја продолжат позајмицата на шпанскиот репрезентативец.

Алваро Мората е играч на Атлетико Мадрид, од минатото лето тој е во Јувентус. Лани „старата дама“ за позајмицата на Атлетико му плати 10 милиони евра, а истата сума ќе ја плати за продолжување на позајмицата.

Инаку, Јувентус имаат опција и да го откупат договорот на Мората.

Повратникот на клупата на Јувентус, Масимилијано Алегри, побарал од челниците Мората да остане најмалку уште една сезона во клубот.

Алеги и Мората имаа одлична соработка во периодот од 2014 до 2016 година.

Алваро Мората, сезонава, одигра 44 натпревари за Јувентус, постигнал 20 голови и забележал 11 асистенции.

Share
Scroll to Top