Мората ќе се врати во Серија А

Мората ќе се врати во Серија А

пред 1 ден

Алваро Мората е блиску до враќање во Италија, нема да се врати Јувентус по трет пат или во Милан каде што ја започна минатата сезона. Сериозен интерес за капитенот на шпанската репрезентација покажале челниците на Комо.

Мората, вториот дел од сезоната ја мина на позајмица во Галатасарај од Милан, откако во италијанскиот великан не ги оправда очекувањата. Во 12 натпревари во турското првенство постигна шест гола и додаде три асистенции, но очигледно нема да остане таму.

Членот на италијанската Серија А, Комо, е заинтересиран за Мората. Тимот предводен од Сеск Фабрегас одигра фантастична прва сезона во Серија А. Комо заврши на десеттото место, а судејќи според трансферите ова лето, сакаат уште повеќе следната сезона.

Комо го сака Мората во своите редови, но прво ќе мора да ја реши ситуацијата со Милан. Шпанскиот интернационалец е на позајмица во Галатасарај до следната зима. Ова би значело дека ќе мора да ја прекине позајмицата во турскиот клуб, а потоа Комо ќе мора да се договори со Милан за откупот.

Мората покажа позитивни сигнали, сега е ред на клубовите да се договорат за евентуален трансфер.

Комо веќе реализира еден трансфер, во клубот за сума пд 20 милиони евра пристигна талентираниот фудбалер на Динамо, Мартин Батурина.

Share
Scroll to Top