Мото ГП ќе се вози во Унгарија

Мото ГП ќе се вози во Унгарија

пред 4 години

Унгарија од 2023 година ќе биде домаќин на трките во Мото ГП шампионатот. Договорот помеѓу владата на Унгарија и челниците на Мото ГП е потпишан во петокот.

Унгарците, за трките во Мото ГП, подготвуваат целосно нова патека, во близина на Дебрецин. Изградбата на патеката ќе започне во втората половина од годината. Целата на овој проект е подобра промоција на Мото ГП во централна Европа.

Еден од најзаслужните за доаѓањето на Мото ГП во Унгарија е Габор Талмаши, шампионот во класата до 125 кубни сантиметри во 2007 година.

Share
Scroll to Top