Мудрик обвинет за допинг, паднал на супстанца што ја користат руските супер војници

Мудрик обвинет за допинг, паднал на супстанца што ја користат руските супер војници

пред 1 ден

Михајло Мудрик, крилниот напаѓач на Челзи, е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) за прекршување на прописите за допинг и сега се соочува со долгорочна суспензија. Според правилата на ФА, Мудрик може да биде суспендиран до четири години откако минатата година дал позитивен примерок „А“, за кој се верува дека ја содржи забранетата супстанца за подобрување на перформансите, мелдониум.

„Дејли мејл“, претходно оваа година објави дека нелегалната супстанца мелдониум што ја користеле советските супер војници била пронајдена во крвта на еден Украинец. Станува збор за еден тон супстанци што биле увезени во Русија за потребите на руската армија, а низ историјата руските спортисти биле обвинети за користење на оваа дрога.

Мудрик беше привремено суспендиран додека тој и Челзи ги чекаа резултатите од примерокот „Б“, а ФА сега потврди дека е обвинет.

„Можеме да потврдиме дека Михајло Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилото, поради присуство и/или употреба на забранета супстанца, во согласност со Правилата 3 и 4 од антидопинг прописите на ФА. Бидејќи случајот е сè уште во тек, во моментов не сме во можност да коментираме понатаму“, изјави портпаролот на ФА за „Телеграф“.

Мудрик ја ангажираше адвокатската канцеларија „Морган Спортс Ло“, да го застапува во овој случај, а Челзи исто така го поддржува. Истата фирма претходно ја застапуваше поранешната ѕвезда на Јувентус, Пол Погба, во неговата жалба против четиригодишната суспензија за допинг, која подоцна беше намалена на 18 месеци од страна на Арбитражниот суд за спорт. Погба потоа го раскина договорот со Јувентус и бара нов клуб откако неговата суспензија истече во март.

Мудрик претходно негираше дека свесно прекршил какви било правила. Познато е дека украинскиот репрезентативец бил негативен на тестот во август и тврди дека не ги променил своите навики од тогаш.

Мудрик пристигна во јануари 2023 година од Шахтјор во Челзи во трансфер вреден 70 милиони евра. Тој беше еден од најбараните играчи во Европа, а во последен момент Челзи го грабна од градскиот ривал Арсенал, со кого Украинецот веќе се договори за трансфер.

Минатата сезона, поради проблеми со повреди и афера со допинг, тој одигра само 15 натпревари, а постигна три гола и забележа четири асистенции во сите натпреварувања.

Својот последен натпревар го одигра на 28 ноември во победата од 2:0 против Хајденхајм во Конференциската лига.

Share
Scroll to Top