Мурињо бил „старомоден“, ПСЖ ќе се фокусира на Нагелсман и Анри

Мурињо бил „старомоден“, ПСЖ ќе се фокусира на Нагелсман и Анри

пред 1 година

ПСЖ се во преговори со Јулијан Нагелсман да стане нивниот нов тренер со Тјери Анри како помошник, откако управата на клубот смета дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо не е привлечен поради неговиот „старомоден“ поглед на фудбалот, тврди „Л’Екип“.

Катарските газди му порачале на спортскиот директор Луис Кампос да ги прекине преговорите со Мурињо, порачувајќи дека веќе не постои понуда, сметајќи дека е потребен помодерен приод кон фудбалот, а исто така беше одвратени од однесувањето на трнерот по финалето на Лига Европа, кога го навредуваше судијата Ентони Тејлор.

Актуелниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие вчера по прославата на титулата инсистираше дека ќе остане тренер и следната сезона, но според „Л’Екип“, преговорите со Нагелсман траат откако Наполи оцениле дека тој е прескапа опција за нив.

Share
Scroll to Top