Мурињо за Родри: Кога Реал те бара нема што да размислуваш

Мурињо за Родри: Кога Реал те бара нема што да размислуваш

пред 6 часа

Вчера, речиси во исто време, Жозе Мурињо на скромна церемонија беше официјално промоворан во нов тренер на Реал Мадрид, а Родри, најдобриот играч на последното СП, го стави својот потпис на договорот со Барселона.

Родри, долго време беше поврзуван со Реал, медиумите пишѕуваа пред повеќе од еден месец дека двете страни постигнале договор, но по завршувањето на СП, фудбалерот се премисли и ја прифати понудата од Барселона.

По промоцијата, кога и официјално го започна вториот мандат на клупата на Реал, Мурињо одговори и на прашањето поврзано со Родри.

„Не ми недостига Родри. Имаме решенија и квалитет, и сакам да верувам дека имам способност да ги подобрам играчите. Разговарав со него неколку пати. Реал Мадрид му даде многу добра и важна понуда, а клубот има одличен однос со Манчестер Сити. Родри имаше сомнежи и се двоумеше, а неговите сомнежи создадоа сомнежи и кај мене. Реал Мадрид е клуб со таква големина што не може да има играчи кои ќе размислат двапати пред да дојдат“, рече Мурињо за Родри.

Кога го прашаа дали ова претставува победа за Барселона, Мурињо одговори во својот препознатлив стил.

„Победата се постигнува на теренот и е претставена со трофеи. Тоа се единствените победи“, рече Португалецот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top