Мурињо: Кутриот судија не знаеше каде се наоѓа, Симеоне: Не смеете да ја изгубите почитта на судиите

Мурињо: Кутриот судија не знаеше каде се наоѓа, Симеоне: Не смеете да ја изгубите почитта на судиите

пред 3 часа

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, реагираше на изјавите на Жозе Мурињо, кој остро ги нападна судиите по поразот од Реал Мадрид во градското дерби (2:1). Симеоне рече дека границите на почитта не смеат да се преминуваат, без оглед на тоа каков стаус и име има некој. Натпреварот од седмото коло од Ла Лига, одигран во недела, беше обележан со контроверзни судиски одлуки.

Тренерот на Реал Мадрид беше исклучително незадоволен од судењето на Ортиз Аријас. Контроверзни моменти беа исклучувањето на дефанзивецот на Реал, Дин Хујсен, и досудениот пенал за Атлетико. Од друга страна, Реал побара црвени картони за играчите на Атлетико, Канг-ин Ли и Кристијан Ромеро, поради опасни фаули.

„Натпреварот требаше да биде 11 против 9 едно добри 50 минути, а наместо тоа игравме со еден играч помалку“, рече Мурињо на прес-конференцијата.

Тој особено го критикуваше судијата на ВАР. „Господин Трухиљо, ВАР судијата кој не го повика судијата да ја разгледа ситуацијата за црвениот картон на Канг-ин Ли, има многу чудна историја со Реал Мадрид. Што се однесува до лошиот судија Ортиз, Му дадоа да суди на 41-годишен судија кој никогаш не судел меѓународен натпревар – и тоа сигурно не е затоа што е одличен судија. Кутриот човек дојде тука и не можеше да се справи со притисокот. Тоа е вид притисок што го доживеавме во 1980-тите, нешто што ретко се гледа денес.“

Замолен да ги коментира изјавите на Мурињо веднаш по натпреварот, Симеоне беше краток: „Без коментар“. Подоцна, во интервју за ДАЗН, тој ја анализираше средбата подетално.

„Добро ја контролиравме играта во првото полувреме, во кое немаше посебни можности. Има напади што го менуваат текот на натпреварот, а пеналот на Џулијано беше токму таква можност“, објасни Симеоне.

Во изјава објавена од Марка, тој додаде: „Со играч повеќе, ги искористивме ситуациите каде што можевме да им се заканиме. Така постигна гол Џонатан Дејвид, а тие подоцна го намалија дефицитот од еден од нивните опасни напади“.

Потоа Симеоне испрати директна порака до Мурињо. „Едноставно се работи за фазите од играта. Понекогаш одлуките одат во ваша корист, понекогаш не. Не смеете да ја изгубите почитта кон судиите. Не е сè дозволено, без разлика колку сте познати, Мурињо.“

„Го почитуваме мислењето на секого. Како тренери, ние сме во привилегирана позиција и затоа мора да бидеме внимателни што зборуваме. Мора да ги почитуваме другите, судијата и нашите колеги. Сите губиме кога некој ќе ги премине границите на почит, без оглед на тоа кој е тоа. Мурињо, Симеоне, Флик или Пелегрини – никој не треба да ги преминува“, заклучи тренерот на Атлетико.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top