Мурињо останува на своето: Убав фудбал? Само резултатите се важни

Мурињо останува на своето: Убав фудбал? Само резултатите се важни

пред 3 години

Жозе Мурињо уште еднаш ја повтори својата фудбалска филозофија, посочувајќи дека резултатите во фудбалските натпревари се најважни и дека воопшто не му е грижа што неговиот Тотенхем е критикуван за дефанзивниот стил на игра.

Португалскиот тренер беше критикуван откако изјави дека „подобриот тим загубил“ при 2:1 поразот од Ливерпул, во меч во кој Спарси имаа само 29 отсто од поседот на топката, и само еден удар на голот во првото полувреме. Ливерпул имаа вкупно 200 додавања во последната третина од натпреварот, а Тотенхем само 19.

Сега, пред мечот со Лестер во недела, Мурињо јасно посочи што е најважно одговорајќи на тоа дали нивниот фудбал е „убав“.

„Не ги знам критиките, бидејќи не читав многу по тој натпревар. Единствено знам какви бевме на теренот, и резултатот, што во секој фудбалски натпревар е најважен. Што друго би кажал? Мечот е завршен“, вели Мурињо.

Португалецот по крајот на мечот на „Енфилд“ му пријде на Јирген Клоп и му порача дека неговиот тим требао да победи, по што според него, Клоп реагирал така што би требало да биде казнет.

Share
Scroll to Top