Мурињо официјално го започна вториот мандат во Реал

Мурињо официјално го започна вториот мандат во Реал

пред 7 часа

Жозе Мурињо официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, започнувајќи го својот втор мандат на клупата на шпанскиот гигант. Португалскиот стручњак потпиша договор за три сезони и ќе го води тимот до 30 јуни 2029 година.

Свечената церемонија се одржа во тренинг центарот на „кралскиот клуб“, а Мурињо беше пречекан од претседателот Флорентино Перез. На презентацијата присуствуваше почесниот претседател на Реал, Хозе Мартинез „Пири“.

По потпишувањето, Мурињо доби дрес со неговото име, реплика од стадионот и часовник. Искусниот тренер не ги криеше своите емоции за враќањето во клубот што веќе го водеше од 2010 до 2013 година.

„Се чувствувам како да се враќам дома. Првиот пат го гледав доаѓањето како врв на мојата тренерска кариера, додека ова враќање е многу поемотивно“, рече Мурињо.

Потоа Португалецот им се обрати на навивачите и им испрати силна порака пред почетокот на новата ера на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

„Јас сум еден од вас. Останав таков од моментот кога го напуштив клубот“, рече Мурињо, кој за време на својот прв мандат го предводеше Реал до титулата во шпанското првенство, Купот на кралот и националниот Суперкуп.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top