Реал Мадрид можеби во моментов нема претседател, но се чини дека одлуката правецот во кој ќе се движи клубот во иднина е донесена. Враќањето на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, се најавува со недели, а сега тој договор е правно формализиран, пишува „Атлетик“.
Иако Португалецот има договор со Бенфика за уште една година, а клаузулата за отштета од само три милиони евра истече на 25 мај, најновите информации велат дека неговото доаѓање во „Лос Бланкос“ би можело да чини до 15 милиони евра.
Од своја страна, Мурињо е нетрпелив да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, и покрај понудата за нов договор од Бенфика.
Според „Атлетик“, Мурињо потпишал договор со Реал до 2029 година, и покрај фактот дека сегашниот претседател Флорентино Перез е во процес на избори. Перез е голем фаворит за победа над противникот Енрике Рикелме на изборите што ќе се одржат на 7 јуни.
Сè уште не е познато дали во договорот има клаузула за отказ во случај на победа на Рикелме. Доколку Перез добие нов мандат, португалскиот тренер ќе биде претставен веќе следниот ден, а „Атлетик“ објавува дека веќе се работи на формирање на неговиот тренерски штаб.
Foto/ Depositphotos






