Мурињо по победата во дербито: Микел Артета е многу добар тренер

Мурињо по победата во дербито: Микел Артета е многу добар тренер

пред 3 години

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо му честиташе на својот ривал, менаџерот на Арсенал, Микел Артета за тешкиот меч, откако ги победија со 2:0 и се искачија на првото место на табелата.

Иако Тотенхем стигна релативно лесно до 2:0 водство во првото полувреме, Арсенал имаше над 60 отсто од поседот на топката и не престана да нападна во 90 минути.

„Ова беше голем меч на секој можен начин, не само бидејќи се работи за Тотенхем-Арсенал. Сакам да му честитам на Микел Артета бидејќи ни даде многу тежок меч. Тактички беа многу добри, одлично организирани. За среќа можевме да ги решиме проблемите. Имаат одличен дух и добар тим, а Микел е добар тренер. Среќен сум од резултатот, секако, но не беше лесно“, вели Мурињо.

Тотенхем и Мурињо го добија дербито со Арсенал и се вратија на првото место

Share
Scroll to Top