Тотенхем во октомври му го нанесе најтешкиот пораз на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во историјата на Премиер лигата, победувајќи со неверојатни 1:6, но сега менаџерот Жозе Мурињо признава дека тоа не бил „реален“ резултат пред мечот во Лондон.
Мурињо, кој пред да биде поставен во Тотенхем, беше и менаџер на Јунајтед, вели дека раниот црвен картон на Антони Марсијал бил клучен, и не верува дека Оле Гунар Солскјер ќе го искористи резултатот како мотивација за нивниот неделен дуел.
„Мислам дека 6:1 не ја отсликуваше реалноста. Погледнете ги претходните два меча со Јунајтед – загубивме со 2:1 на ‘Олд Трафорд’ со пенал, и одигравме 1:1 дома, исто така со пенал. Тоа е реалноста. Не знам дали Солскјер ќе го искористи тоа за мотивација. Да беше мој тим по таков пораз, само ќе им кажев дека не смее да се повтори двапати“, вели Мурињо.