Мурињо: Рома-Трабзонспор е како меч од Лигата на шампионите

Мурињо: Рома-Трабзонспор е како меч од Лигата на шампионите

пред 3 години

Жозе Мурињо инсистира дека дуелот на Рома со турскиот Трабзонспор во новата Конференциска лига на УЕФА наликува на меч за влез во Лигата на шампионите.

Првиот меч се игра утре во Турција, додека следниот четврток се игра реваншот на „Олимпико“, а меѓу двата меча, Рома ќе ја отвори Серија А со меч со Фиорентина во недела навечер.

„Не сакам да правам разликувања меѓу натпреварувањата, бидејќи за Рома и за мене секогаш е најважен следниот меч. Не е невозможно да се размислува така. Знаеме дека утре ќе биде многу тешко, бидејќи мечот наликува како меч од Лигата на шампионите. Тимот е силен и ќе направиме се да се квалификуваме во групната фаза“, вели Мурињо.

Се очекува да има над 20.000 фанови на „Шенол Ѓунеш“ стадионот, а Трабзонспор имаат предност со тоа што веќе имаат одиграно три кола во турската лига.

„Нема изговори! Знам како е да се игра во Турција, а по година и пол без фанови, добро е да ги имаме, дури иако се противнички навивачи“, вели Мурињо.

Share
Scroll to Top