Мурињо: Сакам Шкотска да ја победи Хрватска и да испише историја

Мурињо: Сакам Шкотска да ја победи Хрватска и да испише историја

пред 3 години

Жозе Мурињо и ја искажа својата поддршка на фудбалската репрезентација на Шкотска пред вечерашниот дуел против Хрватска на ЕУРО2020.

„Со вас сум! Мислам дека секој мој пријател во Шкотска знае дека сум до него. Стив Кларк ми е пријател и знам каква одговорност чувствува селекторот во овие моменти“ вели „Специјалниот“.

Мурињо смета дека Били Гилмор многу ќе им недостасува.

„Изостанувањето на Гилмор е огромен удар за Шкотланѓаните, беше заслужен за нивниот посед и изградбата на нападот.
Јасно е дека со него на вториот натпревар изгледаа многу подобро“ вели Португалецот.

Шкотска со победа првпат во својата историја на големите натпреварувања би изборила пласман во втората фаза.

„Да, сакам Шкотска да испише историја и да влезе во осминафинале. Верувам дека искуството од „Вембли“ ќе им помогне. Менталитетот, емоциите и емпатијата ќе им помогнат“ смета Мурињо.

Share
Scroll to Top