Мурињо се потсмева со Англичаните: „Најдобрата“ лига на светот!

Мурињо се потсмева со Англичаните: „Најдобрата“ лига на светот!

пред 3 години

Жозе Мурињо преку Инстаграм ја искажа својата фрустрација кон Премиер лигата, откако неговите Тотенхем не беа сигурни дали ќе се игра нивниот меч против Фулам на неколку часа пред предвидениот старт.

Тотенхем требаа да ги пречекаат Фулам во средата, но мечот беше вториот кој беше откажан поради зголемиот број на случаи на корона вирус и откако менаџерот на Фулам, Скот Паркер беше во изолација поради позитивен случај во неговото семејство.

Мурињо јасно кажа што мисли.

„Меч во 18 часот. Уште не знаеме дали ќе играме. Најдобрата лига на светот“, напиша „Специјалниот“.

Share
Scroll to Top