Мусети намерно се предал против Ѓоковиќ: Не можев поен да освојам

Мусети намерно се предал против Ѓоковиќ: Не можев поен да освојам

пред 3 години

Лоренцо Мусети, 19-годишниот Италијански тенисер, вчера испадна од Ролан Гарос. Мусети, во осмина-финалето, за противник го имаше првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Младиот Италијанец успеа да ги добие првите два сета во тај-брејк, а потоа „исчезна“ од теренот. Ѓоковиќ наредните два сета ги доби со 6/1 и 6/0, а откако во решавачкиот сет, Србинот дојде до 4/0, Мусети го предаде мечот.

Медиумите објавија дек Мусети се предал поради повреда, но самиот тој ги отфрлил тие информации.

„Не,не,не. Не се предадов поради повреда. Имав малку грчеви и болка во грбот, но јас повеќе не можев да освојам поен. Тоа не беше добро за публиката и поради тоа се решив да го предадам мечот. Немав шанси, мислев дека најдобро е да го предадам мечот“, рекол Мусети.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, рекол дека со својот потег, Мѕусети покажал непочитување кон противникот.

Share
Scroll to Top