Нагелсман за Кијеза: Одличен, брз и многу скап фудбалер

Нагелсман за Кијеза: Одличен, брз и многу скап фудбалер

пред 3 години

Баерн Минхен немаат во план да тргнат по потписот на Федерико Кијеза. Минатата недела, неколку германски медиуми шпекулираа, дека Јулијан Нагелсман, новиот тренер на Баерн, сакал да го има во тимот италијанскиот репрезентативец.

„Кијеза е многу, многу добар играч. Фантастичен, со многу самодоверба, прави разлика на теренот. Но, исто така тој е многу, многу скап“, рекол Нагелсман.

„Подолг период го следам. Сметам дека е исклучителен фудбалер, бидејќи игра слободно, брзо, има голем моќ во себе, а на теренот може да направи работи кои другите фудбалери не можат да ги направат. Брз, одличен фудбалер. Но во него треба да вложите многу пари“.

Наглесман смета дека неговиот тим е добро покриен на крилните позиции и дека тука нема потреба од засилувања.

„Имам четири-пет играчи на тие позиции. Доколку останат здрави, тоа е доволно“.

Share
Scroll to Top