Нагелсман се враќа во Минхен

Нагелсман се враќа во Минхен

пред 8 месеци

Баерн Минхен интензивно работи на враќањето на Јулијан Нагелсман во клубот. Нагелсман, во март минатата година, буквално беше избркан од клубот. На неговото место дојде Томас Тухел, кој не ги исполни очекувањата.

Баерн Минхен, откако ги одби Чаби Алонсо (ќе остане во Баер Леверкузен) има само едно име на спискот за нов тренер. Тоа е актуелниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Наводно спортскиот директор Макс Еберл ќе му се извини на млафиот стручњак во името на клубот, а потоа ќе му понууди нов договор.

Минатата година, во финишот на сезоната, тогашните функционери на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан му го врачија отказот на Кан.

Шест месеци подоцна (октомври 2023), почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, кој се уште има големо влијание во клубот, јавно кажа дека клубот направил голема грешка кога го отпуштил Нагелсман.

„Клубот донесе одлука, сака Нагелсман да биде нов тренер. Макс Еберл и Кристоф Фројнд веќе имаа прелиминарни разговори со менаџерот на младиот стручњак. Разговорото поминал добро“, тврди новинарот „Скај Спортс Германија“, Флоријан Плетенберг.

„Баерн има подготвено договор за три или четири години. Јулијан самиот треба да реши колку ќе трае неговиот договор. Тој се уште не го кажал конечното „да“, бидејќи ДФБ (Германскиот фудбалски сојуз) го убедува да ја продолжи соработката што истекува по Европското првенство, но Нагелсман во моментов е поблиску до одлуката да се врати во Минхен“, заклучува Плетенберг.

Share
Scroll to Top