Надал контра бојкотот на Осака: Медиумите не направија тоа што сме

Надал контра бојкотот на Осака: Медиумите не направија тоа што сме

пред 3 години

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Рафаел Надал, вели дека не ја сфаќа контроверзната одлука на јапонската тенисерка Наоми Осака да ги бојкотира медиумските обврски за време на Ролан Гарос во заштита на нејзиното „ментално здравје“.

Надал, кој во својата кариера имал безброј интервјуа и прес-конференции, вели дека за него односот со медиумите е клучен во оддржувањето на популарноста на тенисот.

„Го сфаќам нејзиниот став, но за мене без медиумиуте, без луѓето кои ги пишуваат вестите и остварувањата кои ги правиме, најверојатно немаше да бидеме спортисти кои сме денеска. Немаше да има признавање за тоа што сме оствариле, ниту ќе ја имавме популарноста која ја имаме“, вели Надал.

Австралијката Ешли Барти, шампионката од Ролан Гарос 2019, исто така беше против ставот на Осака, посочувајќи дека знаела што носи спортот со себе кога ја почнала кариерата.

„Сите знаеме што не чека кога стануваме професионални тенисерки. Не можам да коментирам за чувствата на Наоми и нејзините одлуки, но тој став е погрешен. Прес-конференциите некогаш се тешки, но не ме мачат. Никогаш не било проблем да се одговори на прашање“, вели Барти.

Осака нема да дава интервјуа на Ролан Гарос поради „менталното здравје“

Share
Scroll to Top