Надал не верува дека Реал можат да ја освојат титулата

Надал не верува дека Реал можат да ја освојат титулата

пред 3 години

Рафаел Надал, вчера го осови турнирот во Барселона. Во драматичното финале, кое треаше три часа и 38 минути, Надал го победи Стефанос Циципас со 6/4, 6/7, 7/5.

Шпанецот, со 12 титула во Барселона, дојде до бројката од 87 АТП титули во кариерата. Среде борбата, камерите „уловиле“ интересен разговор на фудбалски теми помеѓу Надал и главниот судија, Мароканецот Мохамед Лајани.

Лајани му се обратил на Надал, со констатацијата дека Реал, во саботата, не успеал да го победи Бетис (0:0) и дека тимот чии голем навивач е Шпанецот, останал без важни бодови.

„Ла Лига е готова“.

Лајани потоа рекол дека на Реал треба да купат напаѓач, Надал одговорил.

„И не само напаѓач“.

Share
Scroll to Top