Надал не е сигурен дека ќе игра во Индијан Велс

Надал не е сигурен дека ќе игра во Индијан Велс

пред 9 месеци

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се уште не е сигурен дали ќе игра на првиот Мастерс во сезоната, во Индијан Велс.

Оваа изјава Надал ја даде по егзибицискиот меч против Карлос Алкараз во Лас Вегас.

Да потсетиме, Рафа поради проблеми со повреди ја пропушти речиси цела 2023 година. На почетокот на годината играше во Бризбјен, во четвртфиналето во Бризбејн беше поразен од Џордан Томпсон и се повреди, поради што го откажа учеството на Австралија опен.

„Во овој момент размислувам дали да играм во Индијан Велс. Би сакал да играм во Монте Карло“, изјави Надал.

Шпанецот неодамна изјави дека веројатно ја игра својата последна сезона и дека се ближи крајот на неговата кариера.

Но, пред да се пензионира, Надал изјави дека би сакал да го игра турнирот во Монте Карло, како и некои други турнири на земја, меѓу кои и Ролан Гарос.

Share
Scroll to Top