Надал: Не знам дали ќе играм во Токио!

Надал: Не знам дали ќе играм во Токио!

пред 3 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги изненади љубителите на тенисот со изјавата дека се уште не знае дали ќе настапи на Олимписките игри што летово ќе се одржат во јапонскиот град Токио.

„Искрено, не знам се уште, не можам да дадам јасен одговор. Не го знам тој дел од календарот. Во нормални околности, не би ги пропуштил Игрите, сите знаат колку ми е важно тоа натпреварување, но во вакви околности, не ми е јасно. Обично го знам својот распоред од 1. јануари до крајот на сезоната, но годинава е поинаку. Мора да сме флексибилни“ изјави Надал на прес-конференција во Рим пред првиот меч на Мастерс турнирот во италијанскиот град.

Тој пред новинарите се осврна и на се посилниот притисок од новите генерации.

„Доаѓа нова генерација која е добра, ние имаме 34, 34 и 39 години, таа смена е нешто вообичаено, се случува секогаш. Човек мора да е подготвен да го прифати тоа, ќе видиме што ќе биде за 3-4 недели. Се надевам дека нема да има промени. Нормално е по 20 години да се појави нова генерација и да почнат да освојуваат турнири“ рече Шпанецот.

Share
Scroll to Top