Надал: Сигурен сум дека повторно ќе играм егзибиции

Надал: Сигурен сум дека повторно ќе играм егзибиции

пред 4 часа

Рафаел Надал изјави дека сака повторно да игра егзибициски натпревари, откако настапи на прославата по повод десетгодишнината од својата тениска академија.

На настанот одигра неколку скратени мечеви, а учествуваа и Енди Мареј, Карлос Моја, Марат Сафин, Ришар Гаске, Фабио Фоњини, Доминик Тим и Давид Ферер.

„Сигурен сум дека повторно ќе играм егзибиции. Го сакам тоа“, изјави Надал за француски „Л’Екип“.

Шпанскиот тенисер откри дека и натаму секојдневно чувствува блага болка и дека по операција му била вградена мала протеза во шаката. Сепак, силната болка што долго го мачела целосно исчезнала, што позитивно се одразило и врз неговата психичка состојба.

„Сè подобро се чувствувам психички, имам помалку проблеми отколку порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, рече Надал.

Share
Scroll to Top