Надал: Федерер нема што да докажува во 2021

Надал: Федерер нема што да докажува во 2021

пред 3 години

Рафаел Надал веќе се врати на тренинзи пред стартот на новата тениска сезона, со надежи дека 2021 ќе биде „понормална“ за тенисерите по пандемијата на КОВИД-19, и во исто време изрази надеж дека повторно ќе се судри со Роџер Федерер ако тој ја врати целосната физичка подготвеност.

„Доколку се опорави нормално и има доволно време за подготовки, Роџер Федерер ќе се врати многу силен. Тој нема што да докажува во 2021, веќе се има докажано на највисоко ниво. Физички секогаш остануваше во најдобра форма и мислам дека ќе се врати подготвен за титули“, вели Надал.

Иако оваа година се израмни со Федерер на 20 гренд слем титули, тој не сакаше да прогнозира колку сезони уште може да игра Швајцарецот.

„Навистина не знам колку ќе продолжи. Секако, повеќе би сакал јас да ги освојувам гренд слем турнирите, но одлично е што Федерер се враќа, а ние го имаме тоа посебно ривалство. Добро е за тенисот“, вели Надал.

Share
Scroll to Top