Наковска-Бикова деветта во дисциплината пиштол на 25 метри

Наковска-Бикова деветта во дисциплината пиштол на 25 метри

пред 3 години

Оливера Наковска-Бикова заврши на деветтото место, во дисциплината 25 метри воздушен пиштол микс во класата СХ1. Ова беше втор настап на единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Токио.

Наковска-Бикова, со 574 круга, го имаше вториот најдобра резултат во женска конкуренција, Пред неа беше само Украинката Ирина Лиаку. Останатите кои влегоа во финалето беа мажи.

Наковска-Бикова ќе има уште еден настап во Токио. Таа во сабота ќе се натпреварува во дисциплината, пиштол во слободен избор на 50. метри.

Share
Scroll to Top