Намалена плата и доживотен договор за Меси

Намалена плата и доживотен договор за Меси

пред 3 години

Жоан Лапорта, вчера, официјално се врати на претседателската функција во Барселона. Лапорта, убедливо ги доби клупските избори на 7.март. Веднаш по инаугурацијата тој му се извини на Лионел Меси и рекол дека ќе направи се што е во негова моќ за да го убеди да остане во клубот.

Шпанските медиуми, го откриле планот на Лапорта, односно неговата стратегија со која ќе се обиде да го задржи Аргентинецот во клубот.

Лапортна има намера да му ја намали платата и во исто време, на Меси, да му понуди доживотен договор. Со доживотниот договор тој сака да го интегрира Меси во клупските структури откако тој ќе ја заврши кариерата. Меси самиот би избрал која функција би ја обавувал.

Претседателот на Барселона сметал дека доколку Меси прифати намалување на платата, неговиот пример ќе го следат и останатите фудбалери.

Договорот на Меси со Барселона важи до 30.јуни. Според медиумите Лапорта и таткото на фудбалерот, кој е воедно и негов менаџер, наскоро ќе ги започнат преговорите.

Share
Scroll to Top