Наполи без мака во Салерно, сега имаат +12 на врвот на табелата!

Наполи без мака во Салерно, сега имаат +12 на врвот на табелата!

пред 1 година

Наполи стигна до уште една победа, 16-та во 19 кола во Серија А, триумфирајќи со 0:2 кај Салернитана за да се одвојат на фантастични 12 поени пред актуелниот италијански шампион, Милан (со натпревар помалку). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно ја доби довербата на тренерот Лучано Спалети, стартувајќи го мечот против тимот кој неодамна го отпушти тренерот Давиде Никола, за два дена подоцна да го врати на позицијата.

Џовани ди Лоренцо успеа да го скрши отпорот на Салернитана во судиското продолжение во првото полувреме, пред Виктор Осимен со својот 13-ти гол во Серија А оваа сезона во 48. минута ја осигура победата. Наполи имаше постојана контрола на мечот од почеток до крај и не дозволи Салернитана да се обиде да направи камбек.

Наполи имаат 50 поени на врвот на табелата пред Милан со 38 и Интер со 37 поени. Салернитана е на 16. место со 18 поени, шест над зоната за испаѓање.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top