Се ближи крајот на преодниот рокм а Наполи не може да го реши најголемиот проблем, да го продаде Виктор Осимен. Спасот дојде од Саудиска Арабија, но Нигериецот не сака да оди таму.
Јасно е дека Наполи нема да може да извлече ниту 100 милиони евра, а камоли сумата од клаузулата од 130 милиони евра за нигерискиот напаѓач. Сепак, Наполи прифатил понуда од Ал Ахли од 65 милиони евра, но Осимен без размислување ја одбил.
Логично бидејќи Нигериецот се уште се гледа себеси во врвниот фудбал.
Јасно е дека Осимен чека понуда од Пари Сен Жермен, Арсенал или Челзи. Тоа што не е расположен за евентуална позајмица ги отежнува работите уште повеќе.
Наполи сега е во неволја, бидејќи во клубот пристигна Ромелу Лукаку, а Антонио Конте не сака да си има работа со незадоволен играч.