Наредната недела ќе започне чистката во Барселона, тврди најчитаниот каталонски спортски медуми „Мундо Депортиво“. Според овој извор, претседателот на клубот Џоан Лапорта, најпрвин ќе разговара со фудбалерите кои ќе бидат ставени на трансфер-листата, а потоа и со оние за кои смета дека треба да им бидат намалени платите.
На трансфер-листата ќе бидат ставени Миралем Пјаниќ, Фелипе Кутињо, Франциско Тринкао, Клеман Ленгле, Самуел Умтити, Мартин Брејтвајт, Жуниор Фирпо, но не се исклучува можноста на уште некој играч од актуелниот состав да му биде соопштено дека клубот нема да смета на неговите услуги.
Лапорта, исто така, има намера да ги намали трошоците. Планот му е да ги намали платите. Првиот човек на Барселона е подготвен да се ослободи од уште неколку фудбалери доколку тие не го прифата предлогот за намалување на нивните плати.
Тука најмногу се мисли на Антона Гризман, кој има годишна плата од 17 милиони евра, но и на искусните Џерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Барселона, сезоната ќе ја заврши со гостувањето кај Еибар, а по тој натпревар ќе биде позната и судбината на тренерот Роналд Куман.