Наредните два натпревари се клучни за Андреа Пирло

Наредните два натпревари се клучни за Андреа Пирло

пред 4 години

Наредните два натпревари ќе ја одредат судбината на Андреа Пирло на клупата на Јувентус, тврдат италијанските медиуми. Јувентус не игра добро оваа сезона, испадна од Лигата на шампионите, речиси и да нема шанси да ја одбрани титулата во Серија, а шанса да освои трофеј има во Купот на Италија.

Јувентус, по репрезентативната пауза, го очекува градското дерби со Торини и дуелот со Наполи.

„Газета дело Спорт“, тврди дека наредните 180 минути ќе ја одредат судбината на Пирло. Според овој извор, иако Павел Недвед тврди дека Пирло е сигурен на своето место и за наредната сезона, тренерот во случај на кикс ќе добие отказ.

Доколку се случи тоа, Јувентус до крајот на сезоната ќе го предводи неговиот помошник Игор Тудор.