Договорот на капитенот на Реал Начо Фернандез (34) истекува договорот на крајот од сезоната. „Атлетик“, пишува дека искусниот дефанзивец се уште е во „малку напнати“ односи со тренерот Карло Анчелоти. Начо, наводно, е фрустриран од одлуките на Анчелоти да го замени кога натпреварите не одат според планот, што значи дека чувствува дека тренерот не му верува целосно.
Начо сезонава забележа 29 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 1.996 минути на теренот.
Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Рудигер, поради што на позицијата централен дефанзивец, покрај Начо мора да игра и играчот од средниот ред Аурелиен Чоамени.
Неговиот договор истекува на 30 јуни, кога како слободен играч би можел да го напушти клубот во кој ја мина целата своја кариера, со кој освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари и постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.
Анчелоти изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Начо има забележано и 24 настапи за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.