Новак Ѓоковиќ, во интервју за „Франс ТВ“, говорел какви му се шансите да победи на Ролан Гарос. Србинот, сезоната ја започна со трофеј на Австралија опен, а доколку успее да го освои Ролан Гарос, ќе стане првиот во историјата на тенисот со најмалку две титули на секој од четирите Гренд слем турнири. Ѓоковиќ има девет трофеи на Австралија опен, пет на Вимблдон, три на Ју-ес опен и еден на Ролан Гарос.
„Имам проблем на Френч опен, се вика Рафаел Надал. Но ќе се обидам да ја освојам титулата“, рекол Ѓоковиќ.
Рафаел Надал, минатата година, токму против Ѓоковиќ ја освои својата 13 титула на Ролан Гарос.
„Доколку имате совет како да го победам, кажете. Мораш да бидеш на врвно физичко и психичко ниво, доколку сакаш да го победиш. Еднаш тоа го направив, но повеќе пати губев од него на Ролан Гарос. Мислам дека тоа е најголемиот предизвик во денешниот тенис. Јас сакам предизвици, ќе дадам се од себе за да го победам“.
Рафал Надал, во кариерата, има само два порази на Ролан Гарос, од Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ.
Вториот Гренд слем во сезоната ќе се одржи од 23.мај до 6.јуни.