Најдобрите 4 тргнуваат по медалите–полуфинален ден на СП во Египет

Најдобрите 4 тргнуваат по медалите–полуфинален ден на СП во Египет

пред 3 години

Ракометниот Мундијал во Египет влегува во завршна фаза, денеска е ден за полуфинални двобои, а борбата за медал ќе ја водат 4 репрезентации кои до тука дојдоа без ниеден пораз што преставува раритет на шампионатите. Свои апетити имаат и Данска, и Шведска, и Шпанија и Франција.

Од 17.30 часот првиот полуфинален дуел го играат Франција и Шведска.

Французите имаа многу проблеми со Унгарците, мораа да играат и продолженија. За разлика од нив, Шведска без многу мака го прескокна Катар во четвртфиналето и оди на мегдан со „петлите“ со зголемена самодоверба.

Данска по најдраматичниот меч досега одигран на Мундијалите успеа да го елиминира домаќинот Египет, на пенали, во меч во кој Микел Хансен лесно можеше да се случи да е трагичар. Данска ја брани светската титула.

Задачата во полуфиналето не им е воопшто лесна. Тука е Шпанија која ја надигра Норвешка (Сагосен се повреди на овој меч) и која за едно полувреме постигна 21 гол против брзите противници. Мечот Данска – Шпанија започнува во 20.30 часот.

Сите 4 полуфиналисти во минатото биле на врвот на светскиот ракомет што значително ја зголемува неизвесноста пред денешните натпревари.

Борбата за бронза и големото финале се планирани во недела.

Share
Scroll to Top