Најскапиот голман во историјата ќе оди на позајмица

Најскапиот голман во историјата ќе оди на позајмица

пред 3 години

Најскапиот голман во историјата на фудбалот, Кепа Арзабалага (26), во зимскиот преоден рок ќе замине на позајмица. Тој ќе се обиде да се врати во вистнската форма и да изори место во шпанската репрезентација за ЕУРО 2021.

Како еден од најперспективните голмани во светот, Кепа, во 2018 година од Атлетик Билбао се пресели во Челси. „Сините“ за него на клубот од Баскија му платија 80.000.000 евра.

Сепак, тој не успеа да ги оправда вложените пари. Зад него е една кошмарна година, во која јавноста најмногу зборуваше за неговата лоша форма.

Челси, во летниот преоден рок, на местото на Кепа го донесоа Едуард Менди од Рен. За овој голман „сините“ платија 24.000.000 евра.

Со доаѓањето на Менди, Кепа се пресели на клупата за резерви. Шпанецот последен пат бранел на 17.октомври. Причините се јасни, Менди е одличен на голот, примил само еден гол на шест натпревари.

Во репрезентацијата, барем засега е трет голман. Пред него се Давид Де Хеа и Унаи Симон.

За да ја врати формата, Кепа, се согласил да замине на позајмица, дури и за помала плата. Во Челси тој заработува 8.400.000 евра годишно. Во минатото од Севилја беа заинтересирани за неговите услуги.

Share
Scroll to Top