Најскапиот играч во историјата на Ливерпул сериозно е повреден

Најскапиот играч во историјата на Ливерпул сериозно е повреден

пред 2 часа

Александер Исак (26) постигна гол за Ливерпул против Тотенхем во 17-то коло од Премиер лигата кратко по влегувањето во игра. „Црвените“ го добија натпреварот со 2:1, но на долг период го загубија напаѓачот, кој ова лето стана најскапиот играч во историјата на клубот и Премиер лигата.

Ливерпул, во финишот на летниот преоден рок го купи Исак од Њукасл за 145 милиони евра. Шваѓанецот се уште не се прилагоди на играта на Ливерпул, постигна само три гола на 16 настапи за Ливерпул.

Исак доживеа сериозна повреда од противничкиот дефанзивец Мики ван де Вен, во моментот кога го постигна првиот гол на натпреварот. Во обид да го блокира ударот на Исак, тој доцнеше и наместо топката, ја собра левата нога на Исак.

Исак денес ќе биде подложен на магнетна резонанца, но според првите прогнози, повредата е многу сериозна и се сомнева на руптура на лигаментите.

„Ливерпул се плаши дека рекордното засилување Исак ја скрши ногата. Така, тој би можел да пропушти голем дел од сезоната, а тоа е огромен проблем за Ливерпул“, пишува „Атлетик“.

„Црвените“ не можат да сметаат на Мохамед Салах, кој речиси еден месец ќе биде на Африканскиот куп на нации, а подолг период ќе отсуствува и Исак, што создава дупка во нивниот напад. Затоа Ливерпул, според „Атлетик“ и Фабрицио Романо, бара нов напаѓач во зимскиот преоден рок.

Нивниот избор е Антоан Семењо (26), напаѓачот на Борнмут. Семењо, според сите најави ќе биде главна ѕвезда на јануарскиот преоден рок бидејќи освен Ливерпул, го сакаат и двата клуба од Манчестер.

Романо истакнува дека неговата клаузула за обештетување е 75 милиони евра, но дека таа важи само до 10 јануари, што значи дека заинтересирани клубови мора веднаш да реагираат.

Бидејќи сите заинтересирани имаат пари да ја платата клаузулата, финансиските услови што е му бидат понудани на Семењо, ќе бидат решавачки во изборот на новиот клуб.

Инаку Ливерпул, во летниот преоден рок за засилувања во нападот потроши 365 милиони евра.

Foto/ freerangestock

Share
Scroll to Top