Најслабиот клуб му нуди договор на Меси, ама да признае дека Пеле е подобар од Марадона

Најслабиот клуб му нуди договор на Меси, ама да признае дека Пеле е подобар од Марадона

пред 3 години

Веста дека Лео Меси е слободен играч покрена многу шпекулации ширум светот, а еден бразилски нисколигаш излезе со конкретна понуда за аргентинскиот ас.

Ибис Спорт Клуб – тимот кој влезе во Гинисовата кнга на рекорди како најслаб фудбалски клуб во светски рамки затоа што 3 години и 11 месеци немаат победа испрати понуда до Меси. Во понудата има неколку бизарни клаузули.

-Договорот би траел 15 години
-Играчот би бил платен според учинокот, но тој не смее да постигнува многу голови и не смее да стане шампион
-Меси не смее да го носи на грбот омилениот број 10
-Последната клаузула вели дека Меси пред огледало треба трипати да каже дека Пеле е подобар играч од Марадона

Додека фудбалскиот свет го чека завршувањето на Копа Америка за Лео Меси да ја соопшти својата одлука, Бразилците се одлучија работата да ја свртат на шега.

Share
Scroll to Top