Најубавата ММА фајтерка ќе дебитира во Белатор – има прекар „Пантера“!

Најубавата ММА фајтерка ќе дебитира во Белатор – има прекар „Пантера“!

пред 3 години

Руската ММА „кралица“ Дијана „Пантера“ Авсарагова се подготвува за своето деби во Белатор серијата во петок, и признава дека добила многу внимание од страна на медиумите кои ја опишуваат како најубавата ММА фајтерка на денешницата. Таа вели дека ќе се обиде да докаже дека не е само убаво лице.

Непоразената фајтерка во мува категорија, 22-годишната Авсарагова ќе се бори со Тара Граф во Анкасвил, Конектикат вечерва и вели дека пред дебито, во кое влегува со 2-0 скор во ММА борби, добила понуди за брак.

„Дури си помислив на Инстаграм да напишам дека сум мажена, за да не ме прашуваат за личните податоци. Секако, ми ласка кога ми коментираат, но малку претеруваат, бидејќи има многу фанови. Луѓето ме гледаат и велат, таа е ММА фајтер и е убава, и затоа ме следат“, вели Авсарагова, која има 150 илјади следбеници на Инстаграм.

Share
Scroll to Top