Хрватскиот репрезентативец Дује Ќалета-Цар, во овој преоден рок нема да се пресели во Ливерпул.
Фудбалерот на Олимпик Марсеј би подготвен да отпатува во Англија, но на аеродромот добил повик од клубот дека трансферот нема да биде реализиран. Челниците на Олимпик Марсеј процениле дека до вечерва нема да можат да најдат адекватна замена на неговата позиција.
Ливерпул има големи проблеми во последната линија, по повредите на Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Џоел Матип.