На Американците не им оди со географија – Митровиќ е од Словачка

На Американците не им оди со географија – Митровиќ е од Словачка

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Србија синоќа ја совлада со 3-2 селекцијата на Република Ирска во првиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар.

По неубедливото прво полувреме, Србите одиграа одлично второ полувреме и ги освоија трите бода на дебито на селекторската позиција за Драган Стојковиќ Пикси.

Најзаслужен за победата е напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ кој влезе од клупата во вториот дел. Посебно внимание во јавноста предизвика неговиот прв од двата гола.

Познатиот американски телевизиски канал „ЕСПН“ направи грешка кога се работи за Митровиќ. На сајтот на телевизијата стои дека „Александар Митровиќ постигнал преубав гол за репрезентацијата на Словачка“.

Се чини на Американците географијата не им е посилна страна.

Share
Scroll to Top