На враќање од Манила почина физиотерапевтот на Доминиканска Република

На враќање од Манила почина физиотерапевтот на Доминиканска Република

пред 1 година

Бладимир Регаладо, физиотерапевтот на кошаркарската репрезентација на Доминиканска Република, почина од срцев удар при враќањето на тимот од Светското првенство.

Медиумите од оваа карипска земја ја пренесоа тажната вест дека Регаладо починал на враќање од Манила, а неколку часа подоцна потврдија од Кошаркарската асоцијација на ДР.

„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на Бладимир Регаладо, физиотерапевтот на нашата репрезентација. Нашето најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир Бладимир“, се вели во соопштението на Доминиканската кошаркарска федерација.

По поразот од Србија во втората фаза на Мундобаскетот, Доминиканската Република го заврши учеството на турнирот, каде по примената на дополнителните критериуми го зазеде 14. место.

Share
Scroll to Top