Олимписките игри кои наместо во 2020 година ќе се одржат летово во Токио ќе бидатбез присуство на публика од странски земји, одлучи јапонската Влада.
Претставниците на власта одржаа видеоконференција со Меѓународниот олимписки одбор и одлучија дека поради опасноста од ширење на коронавирусот и неговите нови соеви, на странските државјани нема да им биде дозволен влезот во Јапонија.
На трибините ќе има само домашна публика, а точниот број на гледачи ќе зависи од капацитетот на стадионот или спортската сала. Колкав процент од трибините на спортските објекти ќе бидат со публика ќе се решава во април годинава.
На отворањето на 23. јули нема да има публика, но сепак Игрите кои е предвидено да траат до 8. август нема да поминат со празни трибини.
Пандемијата на коронавирусот ги одложи ОИ за една година, а сето тоа ги зголеми трошоците за организација на најмалку 15 милијарди долари.