НБА ѕвездите му се поклонија на Дејм Лилард

НБА ѕвездите му се поклонија на Дејм Лилард

пред 3 години

НБА ѕвездите паднаа во транс по неверојатната партија на Демијан Лилард против Денвер Нагетс. Во спектакуларен натпревар, по две продолженија, Јокиќ, Морис и Портер успеаја да го поништат ефектот на Лилард, на крајот Денвер славеа против Портланд со 147:140.

Лилард натпреварот го заврши со 55 поени (постигна 12 тројки). Дејм со тројка на три секунди го однесе натпреварот во продолженијата. Во првото продолжение со серија неверојатни шутеви ја поништи предноста од девет поени која ја имаа играчите на Денвер, на две минути до крајот.

Лилард, со својата неверојатна партија влезе во историјата на НБА лигата. Тој е првиот играч што успеал да постигне најмалку 50 поени, а при тоа и да подели десет асистенции и да погоди десет тројки.

Лилард го урна плеј-оф рекордот на Клеј Томпсон според бројот на постигнати тројки во еден натпревар.

„Дејм Лилард, тоа е се што ќе кажам“, напишал Стеф Кари.

„Сакав да напишам четири твита за да го опишам ова ремек дело на Дејмон Ламонт Оли Лилард, но останав без зборови. Партија за боговите“, е коментарот на Кевин Дурент.

Никола Вучевиќ, порачал, дека Дејм е „Спејс Џем“ мод, а на неверојатната партија на Лилард реагирале и Дрејмонд Грин, Бади Хил, Херисон Барнс…



Share
Scroll to Top