Неверојатниот Синер го освои и Мастерсот во Рим

Неверојатниот Синер го освои и Мастерсот во Рим

пред 3 часа

Јаник Синер, најдобро рангираниот тенисер на планетата, во неделата во Рим стигна до ново импресивно достигнување во својата кариера.

Италијанскиот тенисер ја освои титулата на Настерс турнирот Мастерс во „Форо Италико“, откако го победи Каспер Рудо со 2-0 (6:4, 6:4) во сетови.

Синер ја продолжи неверојатната серија, победи и на шестиот последовен Мастерс турнир. Исто така го комплетираше и „златниот мастерс“ – сега ги има сите турнири од Серијата 1.000 во својата колекција.

Вкупно, победи на 34 дуели по ред на Мастерс турнирите. Во четвртфиналето во Рим, кога го победи Андреј Рубљов, го престигна Новак Ѓоковиќ, кој го држи рекордот од 2011 година со 31 последователна победа на овие турнири.

foto/ epa

Share
Scroll to Top