Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил продолжи со бруталниот напад на неговиот поранешен клуб, опишувајќи ги газдите, семејството Глејзер како „лешинари“, по што побара да го продадат Манчестер јунајтед и да си заминат од Англија.
Невил уште во неделата навечер влезе во брутален напад на Јунајтед, и сега, 24 часа подоцна не го сменил мислењето.
„Молчев околу семејството Глејзер бидејќи во основа тоа е уште Манчестер јунајтед, и можам да ги гледам како играат и да бидам среќен и тажен. Нека земаат дивиденда, можам да живеам со тоа. Но, не можам да живеам со овој напад на сите фудбалски фанови во земјата. Претераа. Тие се лешинари, треба да бидат избркани од овој фудбалски клуб и од земјата. Мораат да бидат сопрени. Направија монопол, затворен систем, турнир каде што гарантирано сее таму. Искреноста и интегритетот на натпреварувањето е никакво. Земаа се од оваа земја. Фудбалската пирамида, искреноста на натпреварувањето. Знаеме дека Манчестер јунајтед имаат повеќе пари, Ливерпул имаат повеќе пари, Арсенал имаат повеќе пари. Можеме да живееме тоа. Секогаш биле на врвот со повеќе пари. Но, можат да загубат од Шефилд јунајтед дома. Се обидуваат да го одземат тоа“, вели Невил.